6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО36 милиони евра вредна понуда за Маркизио

36 милиони евра вредна понуда за Маркизио

markiyio

Според медиумите во Франција екипата на Монако ќе испрати понуда од 36 милиони евра за Клаудио Маркизио.

Цело лето се шпекулира дека одличниот играч за врска ќе си замине од клубот во кој што порасна, а тој самиот изјави дека по Купот на конфедерациите ќе разговара со раководството за да види дали се уште сакаат да го задржат.

Директорот Марота изјави дека Маркизио нема да си замине од Јуве, но се уште се споменува преминување во Монако, затоа што Раниери сака да го види во својот тим.

Маркизио би можел да замине во кнежеството за 36 милиони евра, што претставува понуда за која што ќе мора Јувентус добро да размисли, имајќи во предвид дека ги имаат Погба, Видал и Пирло, а и Асамоа би можел да игра по левата страна во редот за врска.

Останува да се види дали е се во парите, затоа што од Јувентус потенцираат дека нема да ги продаваат своите најдобри играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП