3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСопственикот на TikTok развива сопствен паметен телефон

Сопственикот на TikTok развива сопствен паметен телефон

Можеби сте слушнале за TikTok, многу популарна апликација која овозможува на корисниците да се снимаат додека пеат песни, повторуваат дијалози од филмови… Во новиот извештај се тврди дека можеби работат и на паметен телефон.

Financial Times известува дека ByteDance, кој стои позади сите популарни TikTok апликации, го прави свој паметен телефон. Како што се очекуваше, телефонот ќе доаѓа со инсталирани ByteDance апликации. Меѓу нив се разбира, ќе се наoѓа и TikTok, агрегаторот за вести Џинри Тоутиао, а најверојатно и  услугата стриминг на која ByteDance наводно работи.

Се споменува дека извршниот директор на ByteDance, Занг Јиминг, ,,долго сонувал” за создавањето на паметен телефон кој доаѓа со инсталирани апликации на компанијата. Важно е да се напомене дека компанијата ByteDance, со седиште во Пекинг, пред неколку месеци купила производител на телефони кој се нарекува Smartisan. Аквизицијата донела портфолио на патентина компанијата па дури се ангажирани и некои вработени на Smartisan.

Во моментов не е јасно каков ќе биде пазарот за овој телефон, како ќе изгледа и какви спецификации ќе има. Со оглед на големата популарност на TikTok и другите услуги на ByteDance во Кина и во регионот, не би било изненадувачки за Азија и понатаму да биде примарен фокус за оваа нова иницијатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП