4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОDeloitte: Фудбалските клубови заработија неверојатни 28 милијарди евра за една година

Deloitte: Фудбалските клубови заработија неверојатни 28 милијарди евра за една година

Големата петторка на европските фудбалски лиги имала 15,6 милијарди евра приход во 2017/18 сезона, што е годишен раст од шест отсто, според податоците Deloitte.

Според овие податоци, европскиот фудбалски пазар во моментов изнесува околу 28,4 милијарди евра.

Англиската Премиер лига е лидер на пазарот, со рекордни приходи од 5,4 милијарди долари од минатата година, бидејки минатата година за прв пат пет екипи се квалификуваа за Лигата на шампионите.

Германската Бундеслигата ја престигна шпанската Ла Лига и го освои второто место меѓу националните првенства по приходи, објави BBC.

Deloitte соопшти дека за време на сезоната 2017/18, европскиот клубски фудбал имал “најсилна финансиска позиција досега”.

“Ова го покажува успехот на водечките клубови во борбата за поголем приход како би финансирале за успех на терените, како и тековните напори на УЕФА да ги зголеми приходите и одржливоста на клубовите преку финансиски фер плеј и лиценцирање”, рече Дан Џонс, партнер во Deloitte Sport бизнис групата .

Бидејќи пет англиски клубови влегоа во Лигата на шампионите во сезоната 2017/18. и сите стигнаа до осмина финале или повеќе, УЕФА им исплати повеќе од 80 милиони евра на овие клубови.

Покрај парите од Европската фудбалска организација, на најсилните клубови од англиската лига се зголемија и приходите на билетите, како и од рекламирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП