3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот производ на Apple е... iPod Touch

Новиот производ на Apple е… iPod Touch

Прв пат по 2015 година, Apple одлучи на пазарот да лансира нова верзија на iPod. Ова можеби е прилично големо изненадување за корисниците, ако се земе во предвид дека iPod Nano и iPod Shuffle официјално се ,,изгаснати” во 2017 година, а дека култниот iPod Classic својот животен век го заврши во 2014 година. Притоа, од претставувањето на последниот iPod Touch поминаа четири години.

Зошто по толку години Apple воопшто се труди да го врати iPod брендот во живот? Одговорот лежи во фактот дека новите Apple телефони чинат повеќе од 1.000 долари и дека нивната продажба (а со тоа и профитот) постојано се намалува. Покрај тоа, компанијата проценува дека најголем потенцијал за продажба лежи во услугите на Apple, меѓу кои е Apple News и Apple Music кои заземаат значајно место. И токму поради овие факти лежи причината за реинкарнација на iPod Touch. Со цена која е многу помала од iPhone, корисниците (особено насочени кон младата популација) ќе добијат голем број на Apple услуги и “јаболко” на грбот кое за многумина е важна причина за купување.

Новиот iPod Touch работи на A10 Fusion чипот, кој е многу побрз од чипот вграден во претходниот iPod. На располагање се варијантите со 32 GB, 128 GB и 256 GB (што е најголемиот капацитет што некој iPod досега го имал). За аудиофајл од големо значење ќе биде што на неговите уреди е задржан стандардниот 3.5 mm аудио излез за слушалки. Покрај тоа, iPod Touch донесува екран од четири инчи кој бил употребуван на претходните генерации на iPhone. Благодарение на брзиот чип, iPod Touch сега може да се користи во Group Facetime повици, како и со AR апликации. Единственото нешто што не поддржува е Touch ID и Face ID  (и се разбира класични телефонски повици).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП