6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОригиналниот компјутер "Apple I" во акт-ташна продаден за скоро половина милион долари

Оригиналниот компјутер “Apple I” во акт-ташна продаден за скоро половина милион долари

Еден од само неколкуте преостанати Apple I компјутери кои се наоѓаат во акт-ташни, и кој Стив Возниак рачно ги направил во 1976 година, е продаден на аукцијата на “Christie’s”. Овој компјутер се наоѓа во кожна торба, заедно со вградена тастатура а достигна цена од 471.000 долари.

Apple I немал сопствено куќиште. За 666 долари се добивала матична плоча со тастатура, спремна да се поврзе на телевизор, а за нејзина заштита и куќиште купувачите морале сами да се погрижат. Во одреден момент, некој помислил дека вметнувањето на овој компјутер во работна чанта може да биде добро решение и така Apple I го направиле пренослив.

Се проценува дека се направени вкупно околу 200 такви компјутери во чанти, од кои повеќето се уништени. Познато е дека останале 68 компјутери, а копијата која е продадена на аукција е означена со број 10. Негов сопственик бил Рик Конте, кој го купил за да научи основно програмирање во Basic. Пред десет години, тој го донирал компјутерот на Maine Personal Computer Musem, по што компјутерот променил неколку сопственици.

Со Apple I, на аукцијата било пронајдено и оригинално упатство, повеќе списанија во кои е претставен Apple I, фотокопии од оригинални Apple I развојни документи, како и компатибилен хардвер (како што е SWTPC PR-40, матричен принтер).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП