2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал врати 2.300 билети за финалето на Лига Европа

Арсенал врати 2.300 билети за финалето на Лига Европа

Раководството на Арсенал врати на УЕФА 2.300 непродадени билети за финалето на Лига Европа со Челзи, кој ќе се одигра во Баку во среда вечер. Двата лондонски клуба добија по 6.000 билети за дуелот од европската фудбалска централа, но голем дел од навивачите одлучија да се откажат од патувањето од близу 9.000 километри до главниот град на Азербејџан.

Изборот за место во финалето од страна на УЕФА беше сериозно критикувано поради неколку причини. Една е поради фактот дека самиот град не е подготвен да собере толку лица колку што е целиот капацитет на стадионот од 69.870, а друга е високата цена за патување и сместување што треба да ги платат поддржувачите на двата тима.

Како дополнување, офанзивниот фудбалер на Арсенал, Хенрик Мкитаријан не патува со тимот и ќе го пропушти решавачкиот натпревар за трофејот, поради тензиите меѓу неговата татковина Ерменија и Азербејџан и неможноста на домаќините да му ја загарантираат безбедноста на фудбалерот.

Финалето на Лигата на Европа е во среда од 21:00 часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП