20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook работи на унапредување на роботската вештачка интелегенција

Facebook работи на унапредување на роботската вештачка интелегенција

Раководителите на Facebook прв пат јавно објавиле детали за проекти на кои работи нивната роботска дивизија. Претставени се три роботи чија способност за учење не се базира на голема количина податоци за обработка, туку роботите самите да учат за нивната околина на начин како тоа што го прават луѓето.

Истражувачите од Facebook се обиделе да развијат алгоритми кои ќе им овозможат на роботите сами да развиваат нови алгоритми за побрзо, побезбедно и посигурно учење и разбирање на околината во која се наоѓаат. Проектите се развиваат во рамките на Facebook дивизијата за развој на вештачка интелигенција.

Првиот проект се однесува на развојот на алгоритам кој ќе го намали времето на учење на шестоногиот робот како да оди, дури и кога нема информации за неговата околина. Вториот проект се однесува на ,,љубопитност”, која може да биде мотиватор да му помогне на роботот да научи одредени движења многу побрзо отколку досега, а тоа се техники кои ќе се користат во роботските раце. Третата област во која Facebook истражува, се методи кои ќе им помогнат на роботите на основа на допир да собираат податоци за предмети. Причината за истражувањето во оваа област е дека денес е многу тешко да се направи хардвер со соодветни сензори за допир.

Овие напредни истражувања може да бидат од круцијално значење за забрзување на развојот на системот за вештачка интелигенција. Во многу случаи, AI системите мораат да се тестираат со огромна количини на податоци. Тоа е процес кој одзема многу време, но е потребен и огромен број на влезни информации за процесирање, со цел системот правилно да се ,,научи”.

Facebook сака да го скрати тој процес и да ги насочи роботите за процесот на учење да го спроведуваат на начин како тоа што го работат луѓето. Истовремено, оваа компанија сака да се позиционира и како лидер во развојот на вештачката интелигенција.

Впрочем, ова поле станува се повеќе интересно за компаниите. Минатата година, според Gartner, остварена е деловна вредност од вештачката интелигенција која изнесува 1,2 трилиони долари, што е зголемување за 70% во однос на 2017 година, а таков тренд на раст се очекува и во наредниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП