25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДроновите ја украдоа работата на гулабите писмоносци

Дроновите ја украдоа работата на гулабите писмоносци

Една од компаниите на DHL ја започна својата прва испорака со беспилотни летала- дронови, во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Авиони со транспортни кутии со тежина до пет килограми со експресна пратка покриваат површина од осум километри помеѓу двете станици.

Проектот за испорака со дронови го водат DHL-Sinotrans и кинескиот производител на дронови EHang, што е прв случај меѓународна поштенска компанија да работи на линија за испорака со дронови во Кина.

“Динамиката на брзорастечкиот кинески пазар го прави идеално место за линијата”, изјавил Џек О’Нил, заменик-директор на DHL Express во Кина.

Дронот собира коверти со клиентски документи два пати на ден, и почесто ако е потребно и ги доставува до сервисниот центар DHL.

Тоа го прави за осум минути, додека на автомобилот потребни му се 40 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП