10 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрекслер одбил милиони за да остане во Шалке

Дрекслер одбил милиони за да остане во Шалке

dreksler

Фудбалерот на Шалке, Јулијан Дрекслер на крајот од сезоната одбил две преголеми и атрактивни понуди кои пристигнале на неговата адреса.

Како што е веќе познато во мај 19-годишниот талент го продолжи договорот со сегашниот клуб до летото 2018-та година, а во новиот договор има откупна клаузула со вредност од 45.5 милиони евра.

Само неколку недели подоцна Реал Мадрид и Манчестер Сити беа подготвени да ја платат оштетата нудејќи му на Дрекслер 5-годишен договор и плата од околу 12 милиони евра годишно.

Тој сепак ги одбил двете понуди, иако е јавна тајна дека од дете навива за Реал Мадрид, а негов идол е легендата на „кралевите“, Раул. До моментов највисоката сума платена во историјата на германскиот фудбал е 40 милиони евра кои Баерн ги издвои за Хави Мартинес во текот на летото во 2012-та година.

Освен Реал и Сити во трката за Дрекслер се вклучил уште еден англиски клуб, кој бил подготвен веднаш да плати 45.5 милиони евра.

Дрекслер кој заработува по 3 милиони евра по сезона во Шалке, одбил да го промени тимот, бидејќи сака повторно да игра во Лигата на Шампионите со својот матичен клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар