2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвра се враќа во Монако?

Евра се враќа во Монако?

Patrice-Evra_2927033

Еден од лидерите на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра е подготвен за евентуално враќање во Монако, доколку на „Олд Трафорд“ пристигне Лејтон Бејнс од Евертон.

Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс има во план да го доведе својот миленик од поранешниот клуб и со тоа дава јасно до знаење дека повеќе нема да смета на Французинот.

Од Јунајтед веќе направија обид да го купат Бејнс, но тој се покажа за неуспешен. Тимот најверојатно ќе предложи нова понуда за англискиот репрезентативец која ќе биде поголема од претходната.

Евра во 2006-та година премина во редовите на Јунајтед токму од Монако, кога англискиот шампион плати 5.5 милиони фунти за него.

„Кнезовите“ подготвуваат уникатен проект и во тимот веќе доведоа доста ѕвезди, а Евра исто така може да стане дел од оваа револуција. Французинот сфаќа дека неговата ситуација во клубот може да се промени по евентуално пристигнување на Бејнс.

Минатата сезона на Евра не му беше предложен нов договор, а неговиот агент одби да коментира дали неговиот клиент веќе ја разгледува можноста за враќање во Монако при доведувањето на Бејнс во Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП