21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТројната круна инспирација за новиот дрес на Манчестер Јунајтед (Фото)

Тројната круна инспирација за новиот дрес на Манчестер Јунајтед (Фото)

Манчестер Јунајтед и спонзорот „Адидас“ ги претставија новите дресови, кои од денес се пуштени во продажба.

Дресовите што ќе ги носат „црвените ѓаволи“ наредната сезона се инспирирани од тројната круна што генерацијата предводена од сер Алекс Фергусон ја освои пред две децении, во 1999.

Во една од најдобрите сезони во историјата на клубот играчите на Јунајтед победија во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

Токму неверојатниот пресврт во финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен послужил како дополнителна инспирација, поради што на ракавите се печатени броевите 90+1 и 90+3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП