25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot GTi даска за сурфање

Peugeot GTi даска за сурфање

peugeot-daska-za-surf-1

Модерните производители на автомобили многу често своето име го ставаат на производи кои имаат многу мала поврзаност со возилата. Тоа тие го прават пред се за да ги покажат своите дизајнерски способности и да си направат самите себе си реклама.

Па така дизајнерите на француската компанија „Peugeot“ пратставија „GTi“  концепт направен од напредни материјали. Нормално не станува збор за автомобил, туку за даска за сурфање.

Концептот е направен од комбинација од дрво кое се користи при изработка на класичните даски и јаглеродни влакна. Истата технологија на примена на јаглеродните влакна е видена во концептот „Onyx“ кој беше претставен на минатогодишниот саем во Париз.

peugeot-daska-za-surf-4

На даската се наоѓа истото лого како и на моделот 208 GТi.

За жал бројните сурфери ширум светот нема да можат да го испробаат овој концепт, поради тоа што необичното „Peugeot“ нема да има производна верзија. Се очекува оваа даска премиерата да ја има на фестивалот на брзина во британскиот Гудвуд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП