20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ги заострува правилата за преносите во живо за неговите корисници

Facebook ги заострува правилата за преносите во живо за неговите корисници

Facebook ги заострува правилата за преносите во живо за неговите корисници во пресрет на состанокот на светските лидери со цел спречување на онлајн насилството на интернет по масакрот во Крајстчерч.

Facebook најавил дека ќе воведе нова политика за користење на услугата Facebook  Live, привремено ограничувајќи го пристапот на луѓето кои се соочиле со дисциплински постапки за кршење на најсериозните правила на компанијата на било кое место на сајтот.

Корисниците кои прв пат ќе бидат суспендирани ќе им биде оневозможено да го користат Live на одреден временски период, наведува компанијата. Исто така, ќе се зголеми низата на прекршоци кои ќе ги квалификува корисниците за суспензија, објави Reuters.

Facebook не прецизирал за кое кривично дело е можно да се добие суспензија или колку долго ќе трае, но портпаролката изјави дека, според новите правила, напаѓачот кој усмртил 51 човек во престрелка во две џамии во Крајстчерч, не би било можно да користи Live со својот Facebook профил.

Соопштението стигнало во пресрет на ко-претседавањето на премиерката на Нов Зеланд, Џесинде Ардерн со францускиот претседател Емануел Макрон, во Париз во среда, кој има за цел светските лидери и шефови на технолошки компании да го потпишат “Крајстчерчовиот повик”, кој ќе ги обврзе на елиминирање на насилната екстременистичка содржина на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП