18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.05.2019

Дневен хороскоп 14.05.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе имате непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Денес е денот кога ќе претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегнете. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина, но сепак изборот останува на вас.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ви претстои интересна средба со некој кој може да ве направи многу среќни, можно е да станува збор за финансии. Покажувате добра волја да ги решите проблемите за кои колегите долго време ви укажуваат. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација во домот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот е одличен за планирање на нови работи заедно со Јарец или Рак. Поради нешто сте загрижени, а не дозволувате на никого да ви ја наметне својата идеја без оглед за што се работи. Дури и ако имате некои проблеми, премногу се оптеретувате со нив. Имате начин како да се договорите со Рибите околу некое важно прашање.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Трудете се да бидете добро информирани и да се снајдете во ситуациите кои за вас изгледаат неповолни. Можно е да бидете загрижени поради нешто што во моментов го доживувате како прилично комплицирана ситуација. Ќе добиете вести од некој кој има решение за вас и кој е подготвен да ви помогне да решите некоја прилично тешка дилема.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода, работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате многу идеи и ќе добиете прилика да разговарате за можностите кои се поврзани со реализирањето на тие идеи. Некој Овен, Јарец или Овен ќе ви помогнат околу тоа. Од многу соработници ќе слушнете негативни коментари, но вие не им замерувајте, сето тоа е добронамерно. Имате начин како да дојдете до поголема сума на пари, не се откажувајте, обидете се.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување сами во себе. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Верувате дека ќе ги убедите Лавот и Вагата дека би требало да ви овозможат уште една шанса. Ако сте сигурни вo себе, покажете го тоа на начин кој нема да биде премногу нападен за ониe кои досега не ви верувале. Ќе добиете повик од некој кој никогаш не ве воодушевувал, но сепак го цените.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Денес расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски.  Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП