19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon претстави роботи за пакување кои ги заменуваат човечките работници

Amazon претстави роботи за пакување кои ги заменуваат човечките работници

Amazon.com Inc започнал со лансирање на машини кои ќе преземат неколку илјади работници кои до сега работеле на пакување нарачки. Се работи за моделите CartonWrap кои можат да спакуваат помеѓу 600 и 800 пакети на час, што е значително побрзо од резултатите што ги постигнуваат човечките работници.

Компанијата последните години во нејзините објекти додава се повеќе автоматизирани машини кои можат да скенираат стоки кои се спуштаат низ фабричката трака, за да неколку секунди подоцна се подготвуваат за пакување, а со тоа заменуваат двајца работници кои биле задолжени за тој дел од процесот.

Amazon сега планира истите машини да ги инсталира во поголем број на фабрики и складишта, што би значело дека на секоја локација по 24 работници ќе изгубат работа, што е околу 1.300 вработени на 55 локации во САД. Компанијата очекува дека парите инвестирани во машините ќе ги врати за помалку од две години, што е милион долари по машина.

Изгледа дека Amazon се повеќе внимание става на автоматизацијата, а единственото нешто што спречува машините да ги заменат работниците во сите одделенија е тоа што е потребно компанијата да добие зелено светло за поширока примена на оваа технологија, процес кој бара многу време.

Се очекува дека во иднина компанијата ќе инвестира во преквалификација на оние работници кои автоматизацијата ги направила вишок, со цел да се ублажат ефектите на механизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП