5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРибери останува во Минхен до 2017-та

Рибери останува во Минхен до 2017-та

Germany Soccer Cup Final

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери го продолжи договорот со клубот до летото 2017-та година.

„Премногу сум среќен поради продолжувањето на договорот. Многупати истакнав дека во Баерн се чуствувам како дома. Уживам заедно со семејството во Минхен и се надевам дека така ќе биде до истекувањето на договорот“, изјави 30 годишниот Французин за интернет страната на минхенскиот клуб.

Покрај титулите првак на Европа и Германија, Рибери минатата сезона во дресот на Баерн го освои и националниот Куп. Тој лани за „баварците“ одигра 43 средби и постигна 11 голови.

Рибери во редовите на Баерн Минхен дојде во 2007-та година од Марсеј, а за клубот од „Алијанц Арена“ одигра 237 средби и постигна 80 погодоци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП