2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го исчистите станот за еден час?

Како да го исчистите станот за еден час?

Дури и кога имаме многу малку време, можеме без проблем да го исчистиме станот на едноставен и ефикасен начин.

На секој еден од нас се случило станот во еден момент да делува целосно запуштен. Дури и кога однапред организираме вечера за пријатели, вообичаено во последен момент го чистиме станот. Во сето брзање често забораваме на најважните фактори: валкани садови во мијалникот или полната канта за ѓубре во бањата.

Затоа денес ви презентираме како брзо и лесно да го исчистите станот кога сме во брзање.

Ако имаме 30 минути време

Кога гостите ќе најават дека тие ќе бидат кај нас за половина час, не фаќа паника ако станот е во неред. Потребно е да се грижиме за најважните делови од домот, бидејќи ќе има најголем ефект. Исчистете го мијалникот во бањата и мијалникот во кујната, ставете ги садовите во машина за садови и фрлете го ѓубрето. Избришете ги огледалата, затемнете ги светлата и запалете миризлива свеќа.

Ако имате еден час

Еден час пред да пристигнат гостите имате уште малку време да се посветите на посложени работи. Исчистете го тоалетот, избришете прашина и средете го креветот.

Ако имате два часа

Кога ќе се случи да имате два часа за средување на стан, најверојатно тоа е однапред планирано. Исчистете ги теписите, измијте го подот, кадата или тушот, исчистете го фрижидерот и микробрановата печка и избришете ги сите огледала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП