25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајевтиниот iPhone оваа година доаѓа во две нови бои

Најевтиниот iPhone оваа година доаѓа во две нови бои

За најновата генерација на LCD телефоните, кој доаѓа како наследник на iPhone XR, Apple спремил и две нови бои, према наводите од најновиот извештај.

Наследникот на iPhone XR за 2019 година ќе дебитира во линија која се состои од шест варијанти на бои, при што Apple сака да отфрли две бои кои беа достапни за претходниот модел и да ги заменат со сосема нови. Јапонскиот сајт Macotakara открива дека најевтиниот iPhone оваа година ќе се продава во бела, црна, жолта, специјално црвено издание, како и во зелена и лаванда боја. Последните две бои ќе ја заменат тековната корална и сина опција.

Apple официјално не ги објави овие промени, но ако навистина се случи, тоа е јасен знак дека iPhone XR во коралните и сините варијанти не се продавале како што се очекуваше. Со истовремено презентирање на нови опции, Apple би можел дополнително да ги заинтересира купците за поевтиниот iPhone.

Наследникот на iPhone XR ќе има значителна надградба во споредба со минатогодишниот модел. Се очекува процесор Apple A13, а уредот треба да добие две камери на задната страна (наместо една), како и други подобрувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП