25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако во текот на денот брзо да ја вратите енергијата?

Како во текот на денот брзо да ја вратите енергијата?

Кафе најчесто пиеме кога е потребно да се разбудиме. Меѓутоа, што се случува кога во текот на денот пиете кафе и потоа на кратко дремнете?

Две помали истражувања покажаа дека оваа комбинација брзо ја обновува енергијата и потоа ја подобрува способноста за концентрација.

Едноставно испијте кафе и прилегнете да отспиете. Стимулативното дејство на кофеинот настапува после 30 минути, така што имате време за кратка дремка. Оббрнете внимание да не претерате со спиење – 15 до 30 минути е сосема доволно да се одморите на овој начин. Исто така, кафе немојте да пиете премногу доцна попладне. За навечер без проблеми да би можеле да заспиете, кофеинот би требало да се избегнува и до 6 часа пред одење во кревет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП