21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на BlackBerry паднаа за 20 проценти

Акциите на BlackBerry паднаа за 20 проценти

The Blackberry stand is pictured at the

Цената на акциите на „BlackBerry“ забележаа пад од над 20 проценти или до 11.55 долари. Вчера акциите на оваа компанија се продаваа по цена од 14.48 долари.

Канадската компанија забележа 3.1 милијарди долари приход за периодот или за 15 повеќе од претходниот квартал, што е за 9 проценти повеќе од истиот период од претходната година.

„BlackBerry“ исто така ја намали загубата до 84 милиони долари (0.16 долари по акција) во споредба со 510 милиони долари за истиот период во текот на финансиската 2012-та година. Од „BlackBerry“, исто така објавија дека се продадени 6.8 милиони паметни телефони во првиот квартал без да прецизираат колку од нив се со новиот оперативен систем „BlackBerry 10“.

Успехот на „BlackBerry 10“ е од суштинско значење за компанијата, која се обидува да биде поконкурентна на пазарот на паметни телефони.

„Apple“, „Google“ и „Samsung“ во моментов доминираат на пазарот, додека во исто време „Microsoft“ исто така напредува со уредите со оперативниот систем „Windows 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП