26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБезос ги поместува границите: Цел - колонизација на Месечината

Безос ги поместува границите: Цел – колонизација на Месечината

Основачот и директорот на Amazon, Џеф Безос, го претстави моделот на новото лунарно летало кое би требало да ги одведе луѓето на Месечината до 2024 година.

Леталото без екипаж, ”Blue Moon” ќе носи научни инструменти, сателити и возила за непристапен терен, пренесува BBC.

Станува збор за нов ракетен мотор наречен BE-7, од 4.535 килограми.

“Време е за враќање на Месечината, овој пат за да се остане”, истакнал Безос, кој целите на неговата истражувачка компанија Blue Orgin ги претстави во Вашингтон на потенцијалните клиенти и официјални лица на американската вселенска агенција НАСА.

Целта е Blue Moon да слета на јужниот пол на Месечината, каде што во кратерите се наоѓаат ледени парцели. Водата од овој мраз би можела да се искористи за да се произведе водород, што би можело да подигне вселенски брод за понатамошни мисии низ Сончевиот систем.

Администрацијата на Трамп во март најавила дека има намера да ги врати американските астронаути на Месечината до крајот на 2024 година.

Според зборовите Безос, Blue Origin ќе биде во можност да го исполни рокот на администрацијата на Трамп, но “само затоа што” компанијата започнала да создава лунарно летало во 2016 година.

Тој сака, како што истакнал, да го подобри пристапот до Месечината, бидејќи има широка визија за иднината во која луѓето ќе можат да живеат и да работат во универзумот, а тоа денес не е можно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП