18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали ова е идеалниот автомобил за летување?

Дали ова е идеалниот автомобил за летување?

kolavoda

Сакате море или езеро и поминувате доста време на нив, но ве мрзи да влечете приколка за чамец? Тогаш ова е вистинското решение за вас, возилото „WaterCar Panther“.

По 14 години работи, бројни неуспешни прототипови и 27 регистрирани патенти, компанијата „WaterCar“ конечно го претстави своето амфибиско возило кое го нарекоа „Panther“. Овој автомобил-чамец кој со својот изглед наликува на модифициран „Jeep Wrangler“, успешно се справува со возењето на вода.

Иако на прв поглед изгледа многу чудно, но на промотивните снимки покажува дека е многу подвижен и брз во водната средина.

„Panther“ е поставен на лесна хормирана шасија, а во конструкцијата се користени најсовремени композитни материјали.

kolavoda1

За погон е употребен 3.7 литарски V6 агрегат на Хонда со околу 250 ks, кој во вода служи како бродски мотор. Кога возилото е на копно, снагата се пренесува на задните тркала, а за промена на степените на брзина се користи четиристепен мануелен менувач.

Иако е тежок 1.360 kg, „Panther“ е во состојба во вода да развие брзина од околу 70 km/h, додека максималната брзина на пат му е околу 130 km/h. Преминувањето од копнен во воден начин на возење се одвива без никаков застој.

Производителот засега не објави кога ќе почнат со продажба на ова необично возило и колкава ќе биде неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП