21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.05.2019

Дневен хороскоп 09.05.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Заинтересирани сте за некои современи идеи и се обидувате да се ослободите од напорните обврски. Внимателно анализирајте ги своите соработници, некој ви дава одличен пример за успешното работење. Прифатете го корисниот совет.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Тешко ви е да се организирате кога соработниците постојано ви попречуваат во различните барања. Важно ви е да остварите согласност околу заедничките интереси, но деловната ситуација се комплицира, иако тоа не е вашата желба.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Користите строги критериуми за максимално да ги заштитите своите интереси во деловно-финансиските преговори. Не треба да се однесувате премногу строго кон лицето кое има добра намера, но не успева да ви прикаже се што би сакале да слушнете или видите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во деловниот дијалог постојат работи кои не треба да ги правите во афект или врз основа на првиот импулс. Некој од соработниците внимателно го анализира вашето однесување и ви донесува оценка во вкупните резултати. Соработката е нужна за понатамошна афирмација.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Понекогаш, се станува релативно и подложно на ненадејни промени, затоа немојте да донесувате заклучок без консултација со блиските соработници. Избегнувајте ја варијантата „се или ништо“ и различните предизвици кои можат да ви наштетат.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате добра намера, но постојат ненадејни околности кои ве попречуваат да ги остварите своите деловни планови. Подобро е да се запрете во некој критичен момент кога ситуацијата започнува да се комплицира отколку да ризикувате во деловните преговори.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Веќе со денови чувствувате замор, што се одразува на вашите работни навики. Прашајте некој колега за помош, ќе се изненадите од неговата подготвеност да ви излезе во пресрет. Само не заборавајте да се заблагодарите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Од некоја причина, ви се чини дека деловните соработници денес го игнорираат секој ваш предлог. Обидете се да ги претставите работите на малку покреативен начин. Саканото лице би можело денес да ви се налути без никаква причина.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Внимавајте на кого му се доверувате за работата. Не се сите толку добронамерни како што се претставуваат. Погрешно сфатените коментари можат да ви нанесат голема штета. Ви се чини дека никогаш не сте биле во подобри односи со партнерот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ви цветаат ружи, но немате храброст да си заминете поради лошата финансиска ситуација. Стрпете се уште некое време, додека не ви се укаже подобра прилика. Партнерот не разбира која игра ја играте.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе бидете нервозни и особено непријатни кон лицата кои не ви се омилени. Сепак, денес ви следи и особено важна деловна средба која ќе ви отвори многу врати. Искористете ја. Однесувањето на вашиот партнер не ви се допаѓа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес е добар ден за сите деловни разговори. Имате сјајна комуникација со колегите, а со надредените особено. Ако планирате да барате зголемување на платата, денес е вистински ден за нешто такво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП