28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ќе понудат 280 милиони евра за Мбапе

Реал ќе понудат 280 милиони евра за Мбапе

Реал Мадрид подготвуваат сериозна реконструкција на тимот, а како што објави во средата „Франс Фудбал“, тренерот Зинедин Зидан, побарал од претседателот Флорентино Перез да му го донесе Клијан Мпабе.

Истиот извор тврди дека Реал се подготвени да го срушат светскиот рекорд, односно дека за Мбапе ќе понудат 280 милиони евра. Актуелен рекордер е Нејамр чии трансфер од Барселона во ПСЖ, во 2017 година, изнесуваше 222 милиони евра.

Прашање е како ќе реагираат сопствениците на ПСЖ на оваа понуда. За нив Мбапе е прва ѕвезда во тимот и планираат да го задржат на подолг период во Париз, додека не би имале ништо притив да го продадат Нејмар.

„Франс Фудбал“ тврдат дека Зидан побарал претседателот да поработи на овој трансфер, бидејќи бил убеден дека биле завршени работите околу доаѓањето на Еден Азар и Пол Погба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП