9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter овозможи додавање на фотографии во постови кои се ретвитаат

Twitter овозможи додавање на фотографии во постови кои се ретвитаат

Twitter на 6 мај на корисниците им овозможи на оние постови кои ретвитуваат, да додаваат фотографии, GIF и видео содржини. Новата опција доаѓа на сите Android и iOS уреди, додека оние што ја користат десктоп верзијата мораат уште малку да почекаат.

Додавање содржина на туѓи твитови функционира токму онака како што се замислувало, бидејќи корисниците добиваат “ретвит со коментар” опција, па кога на неа ќе кликнете во понудената листа може да се избере саканата слика или GIF. Иако се работи за мала промена, креаторите истакнале дека дизајнот создава големи потешкотии и дека едвај се дошло до решение кое овозможува нов начин на ретвитот да не биде премногу за news feed – оригиналниот твит е намален, но така што се уште може да се види аватар корисникот, за предност да добие додатокот кој го дели оној кој содржината ја ретвитува.

Некои брендови веќе ја прифатија новата опција, и покрај фактот што на новата десктоп верзија новата функција сè уште не изгледа како што е замислено. Останува да се види дали се работи за уште една новина која наскоро ќе биде заборавена, или пак функција која на Twitter комуникацијата ќе додаде некоја корисна димензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП