17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимателно со протеинските пијалоци

Внимателно со протеинските пијалоци

Протеинските пијалоци што многумина ги земаат за да ја зголемат мускулната маса, во новата студија се поврзани со зголемен ризик од дебелина и скратен животен век.

Научниците ја анализирале прекумерната употреба на амино киселините со разгранет синџир (BCAA) – компонента во прав која се додава во водата за да се добие протеински пијалок. Протеинската сурутка, најчесто се користи како “протеин за фитнес”, направена е од млечни производи и содржи високо ниво на BCAA.

Една студија спроведена во Чарлс Перкинс центарот на Универзитетот во Сиднеј покажала дека оваа супстанција која помага да се изгради мускулот, исто така, може да влијае врз темпераментот, да ја зголеми тежината и да го намали животниот век.

Научниците, исто така, откриле дека внесувањето на многу BCAA супстанции може да го намали нивото на серотонин, супстанца што ви помага да спиете добро.

Оваа студија била спроведена на глувци, некои од нив во текот на животот е давана двојна доза на BCAA (200 проценти), на некои стандардна количина (100 проценти), на некои половина (50 проценти), а некои од нив петтина (20 проценти).

Глувците на кои им е давана двојна доза од овие протеини, исто така, го зголемиле апетитот, што резултирало со дебелина и пократок животен век.

“Исхраната богата со протеини, содржи малку јаглехидрати докажано добро делуваат и на репродуктивните функции, но има и лоши ефекти врз здравјето подоцна во животот, и може да го скрати животниот век”, изјавила авторот на студијата, д-р Саманта Солон Бајет.

“Оваа студија покажа дека е многу важна рамнотежата на амино киселините, поради што е најдобро да внесувате и протеини од различни извори”, истакнала Бајет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП