2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаучниците пронајдоа противотров за смртоносната медуза

Научниците пронајдоа противотров за смртоносната медуза

Тим од Универзитетот во Сиднеј откриле дека лековите  против холестерол може да го блокираат отровот на морската оса.

Австралиските научници сметаат дека пронашле противотров за убод од најотровното суштество во светот, морската оса, медузата што е страв и трепет за пливачите во Индискиот Океан и Пацификот.

Научниците од Универзитетот во Сиднеј се обиделе да го разберат начинот на функционирање на отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri), која може да убие до 60 луѓе и да предизвика страшна болка.

Само еден убод на морската оса предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, а ако количината на отровот е доволно големa, може да дојде до срцев удар и смрт.

Тим научници откриле дека на тој отров му е потребен холестерол за да ги убие човечките клетки, па затоа решиле да ги тестираат постоечките лекови за холестерол и да видат дали ќе го блокираат отровот.

Екстремно опасно животно

Се покажало дека еден од овие лекови бил успешен.

Тестови биле спроведени на глувци и човечки клетки и било откриено дека лекот ја спречува некрозата на кожата и болката ако се примени во рок од 15 минути.

“Сеуште не знаеме дали така ќе може да се спречат проблемите со работата на срцето. Треба да продолжиме со нашето истражување и да бараме средства за тоа”, изјавил еден од научниците.

Морската оса може да биде долга до три метри. Екстремно е опасна затоа што може да плива, а не само да лебди носена од струиите.

Научниците се надеваат дека ќе создадат крем или спреј што ќе ги неутрализира убодите, кои според проценките секоја година умираат десетици илјади луѓе, додека илјадници луѓе завршуваат во болница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП