19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДронови како техничари и мајстори на иднината

Дронови како техничари и мајстори на иднината

Бизнис зградите бараат многу одржување особено на надворешноста на објектите. Како миење на прозорци или пак откривање на потенцијални проблеми во градењето. Работите кои често подразбираат поставување скеле или платформи кои се спуштаат од покривот, често се опасни и скапи. Меѓутоа, дроновите наскоро би можеле да ја извршуваат оваа работа.

Наместо скеле кое ги опкружува околните високи згради, замислете мноштво на дронови за извршување на сите видови на работа. Од чистење на прозорци до детектирање на потенцијални проблеми и едноставно одржување.

Истражувачите од Англија и Швајцарија ги програмирале овие беспилотни летала да го работат токму тоа.

Истражувачите во своите визии ги надминале интервенциите на зградиде, нудејќи свет во кој дроновите ги преплавуваат сите видови на џиновски објекти, тунели, метро линии, рудници.

“Дроновите би ја следеле состојбата на објектите и кога ќе откријат евентуална штета би се приближиле до неа. Би извршиле проверки и по потреба би пратиле специјалисти кои би ги извршиле поправки”, изјавил Ковач.


Овие беспилотни летала не мора исклучиво да ги надгледуваат големите градби. Со самото тоа што се во нивна близина се подразбира дека процесот на одржување не мора да биде скап.

“На пример, во денешно време се поставува скеле или се користат хеликоптери за да се извршат различни работи. Toa што треба да се утврди е како да се искористат роботските системи кои таквите и слични задачи многу побрзо ќе ги извршуваат. На флексибилен и реактивен начин”, истакнува швајцарскиот експерт.

Се разбира, актуелен е стравот дека роботите ќе узурпираат работни места кои во денешно време ги вршат луѓето. Експертот уверува дека дроновите се само алатка, а не човечка замена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП