5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилја се договорил со Тотенхем

Вилја се договорил со Тотенхем

David-Villa-Tottenham

Тотенхем е се поблиску до доведување на напаѓачот на Барселона, Давид Вилја. Претставници на Тотенхем имале средба со играчот во Бразил, каде што тој е со репрезентацијата на Шпанија на Купот на Конфедерации.

На неа 31-годишниот фудбалер дал согласност дека сака да го облече дресот на англискиот тим, па дури ги прецизирал и личните услови. Тој би требало да добива околу 100.000 фунти неделно, што е помалку од 140.000 колку што е неговата моментална плата во Барса.

Вилја исто така имал и неформален телефонски разговор со менаџерот на Тотенхем, Андре Вила-Боаш и со новиот спортски директор, Франко Балдини и со нив споделил дека е подготвен да дојде на „Вајт Харт Лејн“.

Сега раководството на Тотенхем се надева да ќе ги убедат и колеги од Барса да ја намалат цената на играчот. „Каталонците“ инсистираат да добијат 12 милиони фунти, но е сосема веројатно дека двете страни ќе најдат заеднички јазик за околу 10 милиони.

Од Барса имаат тенденција да се разделат со Вилја, бидејќи тој ќе има се помалку можности за докажување во новата сезона, откако на „Ноу Камп“ дојде Нејмар. Па така Вила-Боаш е на пат да си обезбеди квалитетен напаѓач со кој ќе може да се бори за место во Топ 4 во Премиерлигата.

Во исто време претставниците на Тотенхем го искористиле престојот во Бразил за да разговараат со другата трансферна цел, Паулињо, кој исто така е многу блиску да се пресели на „Вајт Харт Лејн“ за сума од 17 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП