19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОптичка илузија која ги менува лежечките полицајци

Оптичка илузија која ги менува лежечките полицајци

Градот Сараево планира да реализира тест на 3D пешачки премин во аголот на улицата Браница Сараево и Шеноин.

Би започнале активностите за обележување и на другите улици, во близина на училишта, детски градинки, јавни установи и другите објекти.

Градот Сараево во буџетот за 2019 година планира средства за дизајн и сликање на 3D пешачки премини во градот.

Се работи за проект кој веќе се покажал успешен во многу земји, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Како што наведува градската администрација, со оглед на зголемениот метеж на главните сообраќaјници во градот, особено каде што се сместени јавните институции, неизбежна е потребата да се зголеми нивото на сигурност на учесниците во сообраќајот.

Станува збор за оптичка илузија која го привлекува вниманието на возачот за да го намали возењето. Во некои земји 3D пешачките премини ги замениле т.н. “лежечки полицајци”.

Во тек е договарање на изградба на проектна документација и подготовка за изведување на работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП