ПочетнаИНТЕРЕСНОФановите на Реал бараат оставка од Флорентино Перез

Фановите на Реал бараат оставка од Флорентино Перез

Фановите на Реал Мадрид повикаа на оставка на претседателот на клубот Флорентино Перез за време на натпреварот со Хетафе, кој заврши 0:0.

Непосредно пред одморот на „Алфонсо Перез“, навивачите покажаа голем банер со јасна порака: „Флорентино, оди си“. Обезбедувањето брзо се погрижи пораката да биде скриена.

Ова е второ гостување на Реал во кое фанови на 13-кратниот европски шампион го покажуваат своето незадоволство од Перез поради првата сезона од 2014/15, во која тимот ќе заврши без голем трофеј.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП