26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНеобичен часовник инспириран од природата

Необичен часовник инспириран од природата

Кога првпат беше претставен за време на овогодинешната SIHH изложба, H.Moser & Cie Nature часовникот стана вистински спектакл. Многу луѓе мислеа дека во прашање е шега, но, иако е уникатен, овој модел навистина работи и на него растат мали растенија.

Неговото челично куќиште е декорирано со земја, сукуленти, мов, мини Echeveriom, креми, пајак и други растенија кои ќе цветаат како природен приказ за времето. Под оваа стаклена градина, постои HMC 327 механизам, со фреквенција од 18.000 Vph, која треба да трае многу подолго. Циркуларниот модел е изработен од минерален камен и лист од Алпите, додека ременот е направен од трева.

Часовникот бил креиран како посветеност на овој бренд за намалување на карбонски отисок во текот на неговиот производствен процес, следејќи ги сите барања за сертификација кои тоа наметнува. Од овогодинешната колекција па натаму, сите часовници кои се создадени од злато ќе бидат направени од етички доставени материјали.

Во прилог на своите внатрешни практики, оваа компанија се обединува со непрофитабилната организација Room to Read, која ја подобрува писменоста и родовата рамноправност во образованието, со цел да се осигура дека новите генерации ја разбираат важноста на времето. Партнерството ,исто така, ќе произведува и нови модели во кои ќе можеме многу брзо да уживаме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП