Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,095.37 -0.24%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,455.46 -0.33%    MPT 63,777.42 0.97%    MTUR 5,250.00 -3.67%    OHB 6,100.00 -0.01%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN17 98.30 1.34%    STB 1,044.22 -1.51%    STIL 117.40 -1.66%    TEL 303.00 -2.26%    TNB 17,025.29 -0.49%    

Која е македонската иновација која го освојува кинескиот пазар!

Време: 11:34

Датум: април 25, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Најновата колагенска линија на Виталиа е избрана мегу неколкуте најиновативни производи во конкуренција со продукти од целиот свет кои ќе се  претстават на меѓународниот саем SIAL во Шангај, Кина.

Овој реномиран македонски бренд за здрава храна ќе ги изложи своите иновации на специјален штанд во склоп на саемот и официјално на 14ти мај оваа година.

Со самиот овој избор Виталиа истовремено се здобива со признанието SIAL INNOVATION SELECTION 2019 чие лого може да го аплицира на своите производи и промотивни материјали, а кое понатаму го олеснува пласманот на самиот производ на кинескиот пазар.

Колагенската линија е најновата иновација на Виталиа која набргу по светската промоција во Шангај ќе биде промовирана и на саемот PLMA Амстердам, а потоа достапна и за потрошувачите во Македонија и останатите 55 земји во кои извезува компанијата.

Линијата се состои од продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, нов тренд во функционалната здрава исхрана. Ова е огромно признание за македонската компанија за здрава храна Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемот SIAL Шангај е исклучиво важен  настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика и претставници од најголемите компании од сите земји во светот, да разменат идеи и да ги следат новите светски трендови. Но најважно од се е да се зајакнат постоечките и да се остварат нови познанства кои ќе помогнат овој македонски бренд уште повеќе да расте.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Судбината на паметниот телефон Honor 20 Pro, кој во вторникот се најави од Honor Huawei, а кој е еден од првиот избор за купувачите со…

  • Bosch казнет со 90 милиони евра поради “дизелгејт”

    Bosch казнет со 90 милиони евра поради “дизелгејт”

    Германското обвинителство соопшти денеска дека компанијата за производство на автомобилски делови и технологија “Robert Bosch” е казнета со 90 милиони евра поради својата улога во…

  • Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

    Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

    Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе…

  • Групацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција или Бугарија

    Групацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција или Бугарија

    Најголемиот чешки производител на автомобили Škoda од Млада Болеслав, својата нова фабрика ќе ја гради во Турција или во Бугарија. Засега не е познато дали…

  • НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

    НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

    Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше…

  • Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри

    Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри

    Работните услови во магацините на Amazon се прилично остри, па компанијата измислила нови тактики за кои се верува дека ќе го олесни животот на вработените. Тие…

  • Huawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

    Huawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

    Кинеската компанија Huawei би можела да претстави сопствен оперативен систем најдоцна на пролет следната година, откако му било оневозможено користење на оперативниот систем на Android,…

  • И Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

    И Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

    Јапонската компанија „Panasonic“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Huawei“, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа…

  • Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди 5-те сетила

    Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди 5-те сетила

    Неодоливиот акорд на кожа е во срцето на Attraction Sensation за НЕА и НЕГО, поврзувајќи ги партнерите со интензивна и стимулирачка моќ која е едноставно…

  • Телеком ја претстави Price Hero, првата корисничка апликација со проширена реалност (Augmented Reality) во Македонија

    Телеком ја претстави Price Hero, првата корисничка апликација со проширена реалност (Augmented Reality) во Македонија

    Price Hero е новата апликација на Македонски Телеком која преку виртуелни и интерактивни информации ќе им помага на корисниците да го изберат својот нов смартфон…