28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpace X Crew Dragon: Експлозија која влијае на иднината на вселенските летови...

Space X Crew Dragon: Експлозија која влијае на иднината на вселенските летови (видео)

Експлозијата која на 20 април ја оштетила тест верзијата на Crew Dragon леталото од компанијата Space X може да влијае на плановите на НАСА и на иднината на космичката експедиција што би почнувала од тлото на САД.

Членовите на НАСА и Space X тимот истакнале дека тестот се врши со цел да се учи од грешките и дека Dragon Super Draco Static Fire тестот, кој навистина тргнал наопаку, сепак е драгоцена лекција. Откако утврдиле поради што дошло до грешката, леталото ќе може да ги добие неопходните подобрувања, со што ќе се приближи на комерцијалните летови што ги транспортирале астронаутите до одредени точки во вселената. Експертите од компанијата НАСА се надеваат дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи од затворањето на вселенската програма во 2011 година се потприраат на руската Soyuz ракета, која се користи за транспорт на астронаути до Меѓународната вселенска станица.

SpaceX веќе спроведе еден успешен Crew Dragon лет, се разбира без екипаж, но во рамките Demo-1 мисијата која е завршена откако вселенското летало се вратило на Земјата и “слетало” во Атлантскиот Океан. Првата мисија со екипажот била закажана за 25 јули, но се претпоставува дека датумот ќе се премести по експлозијата за време на последните тестирања. Space X  се уште не ја објавил точната причина за експлозијата, така што не може со точност да се тврди колку следниот лет ќе биде одложен, бидејќи тоа зависи од природата и сериозноста на дефектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП