3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид од Adidas добива најмалку 1,6 милијарди евра

Реал Мадрид од Adidas добива најмалку 1,6 милијарди евра

Реал Мадрид во очи на најлошата сезона во последните десет години ќе потпише профитабилен договор со Adidas, па Кралскиот клуб ќе ја носи неговата опрема во следните 12 години.

За возврат Adidas ќе плаќа 120 милиони евра годишно, односно вкупно 1,6 милијарди евра за тој период.

Договорот е подготвен уште од 2016 година, а сè е договорено една година пред истекот на постојниот договор помеѓу овие два гиганти.

Сепак, покрај фактот што на Реал до 2031 година му се загарантирани 1,6 милијарди евра од Adidas, договорот исто така наведува и низа бонуси. Мадридскиот клуб од германскиот производител на опрема ќе добие 20 проценти од секој продаден официјален сувенир кој на него има три линии.

Германците дополнително ќе го премерат и секој наслов кој Реал ќе го освои со опремата на Adidas, кој за возврат на Сантијаго Бернабе ќе добие простор за мегапродавница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП