28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОткако ги ''уби'' сите ''достапни'' модели, Ford развива нови

Откако ги ”уби” сите ”достапни” модели, Ford развива нови

Американски Ford минатата година го оконча производството на сите мали автомобили на американскиот пазар, вклучувајќи ги Fiesta, Focus и Fusion (Mondeo на европскиот пазар) и Taurus. Ford одлучи да се фокусира на она што Американците најчесто го бараат – кросовери.

Сепак, тоа остави огромна дупка во понудата на модели на Ford, кој полека почнува да се чувствува во финансиските извештаи, па гигантот од Детроит одлучил повторно да ја ”промени плочата”.

Ford наводно развива сосема нов модел за 2022 година, а според последните информации, пред се ќе биде “достапен” за сите.

Сепак, од Ford не сакале да откријат каква било форма, ниту пак големина на новиот модел, или дали тој концепт по само 12 недели на развој добил “зелено светло”.

Во моментов најевтиниот модел на Ford во САД е Fiesta чија почетна цена е 14,250 долари, а кога ќе сè распродаде, таа “титула” ќе ја превземе кросоверот EcoSport, чија цена се движи од 19.995 долари.

Затоа се очекува дека новонајавениот модел ќе го “нападне” ценовниот ранг меѓу двата споменати автомобили.

Но, бидејќи Ford од своите сегашни модели првенствено сака голема продажба, најверојатно пазарот ќе добие уште еден кросовер, за нијанса поголем од Ka Active.

Од друга страна, неодамна најавената Ford “мапа на иднината” укажува на кросовер меѓу моделите на Escape и Edge, но поради таа позиција би бил поскап од  EcoSport, а тоа секако не е “достапно” за сите.

Во меѓувреме, чекајќи вистински напад за новиот кросовер модел, електричниот SUV инспириран од Mustang, новиот Bronco, потоа помалиот “Baby Bronco” како и новиот пикап кој ќе се најде во класата под Ranger.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП