3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолскјер: Јас ќе бидам успешен, но некои фудбалери нема да се тука

Солскјер: Јас ќе бидам успешен, но некои фудбалери нема да се тука

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, признава дека не знае дали сите негови фудбалери се загрижени што нивниот клуб загуби со 4:0 од Евертон.

Во една од најлошите партии во ерата по владеењето на сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед упати само еден удар на голот на „Гудисон парк“ и сега надежите за пласман во ЛШ следната сезона зависат од домашните пресметки со фаворизираните Манчестер сити и Челси.

„Не знам дали се загрижени. Прашајте ги нив. Јас ги прашав и нема да добиете одговор од мене, но ако сакате да играте за овој клуб, тоа мора да ви значи нешто. Не можам да го сменам целиот тим. Чекор по чекор. Јас ќе сум успешен тука, а има фудбалери што нема да бидат дел од тоа“, вели Солскјер.

Тој се извини на навивачите на Јунајтед велејќи дека тие се единствените што заслужиле да го носат грбот на клубот. Шанса за камбек доаѓа многу бргу бидејќи в среда доаѓа Манчестер сити на „Олд Трафорд“, а само четири дена потоа гостува и Челси.

Евертон го здроби Јунајтед, кризата кај „ѓаволите“ нема крај!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП