24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook работи на AI гласовен асистент

Facebook работи на AI гласовен асистент

Facebook потврди дека работи на гласовен асистент базиран на вештачка интелигенција, што укажува на тоа дека тој не се откажува од визијата што ја најави пред неколку години, а се однесува на виртуелниот асистент за Messenger кој е именуван со едноставното име – М.

Овој пат Facebook, сепак, не се фокусира на платформата за разменување на пораки, туку на платформите ”hands-free” интеракции, кои ќе поддржуват гласовна контрола со помош на гестикулации. Асистентот би требаo да се најде во рамките на Facebook AR/VR уредите Portal и Oculus, што значи дека новиот производ на крај не би бил во конкуренција со Alex и слични платформи. Асистентот го ќе го носи работното име Facebook Assistant, но сè уште е непознато дали ова име ќе биде задржано и кога ќе стигне до корисникот.

На проектот се работи од почетокот на 2018 година, откако Facebook објави дека ќе се откаже од личниот асистент М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП