5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГраѓаните даваат 30 милиони за Пепе

Граѓаните даваат 30 милиони за Пепе

pepe

Според шпанските медиуми раководството на Манчестер Сити испратило понуда до Реал Мадрид за португалецот Пепе. Како што е наведено во информациите, таа е во вредност од 30 милиони евра. Па доколку „кралевите“ и Пепе го прифатат овој предлогот во новата сезона и новиот клуб, Португалецот би требало да зема двојно поголема плата.

Претходно претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез изјави дека нема никаква намера да го продава дефанзивецот, но одличната понуда можеби ќе го принуди да се предомисли. Се очекува до крајот на неделава да има средба меѓу претставниците на „граѓаните“ и „кралскиот клуб“, по што ќе биде познато дали дефанзивецот ќе остане во Мадрид или ќе се пресели во синиот дел на Манчестер.

Во моментов Пепе заработува 3.5 милиони евра годишно, додека пак од Сити му нудат двојно поголема плата. Минатата сезона 30-годишниот дефанзивец настапи на само 19 натпревари за „кралевите“ во Примера дивизион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП