26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger dark mode доаѓа до сите корисници

Facebook Messenger dark mode доаѓа до сите корисници

По активирањето на темната позадина во рамките на Facebook Messenger беше неопходно корисниците едни со други да испраќаат емотикони во форма на Месечина, а dark mode сега ќе стигне до сите корисници и без дополнителни чекори за активација.

Пораките на темната позадина изгледаат подобро и полесни се за читање, па така, корисниците сега ќе можат да ја активираат во подесувања, така што ќе кликнат на нивната профилна фотографија. Опцијата ја менува позадината од црна во бела, а Google тврди дека dark mode ја штеди батеријата на уредите со Android бидејќи црната боја на екранот бара помалку енергија.

Има се повеќе и повеќе апликации кои добиваат dark mode, а корисниците можат да го активираат на своите уреди со што ќе заштедат енергија и ќе ги исполнат своите естетски барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП