20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаучници го печатат првото 3Д срце користејќи клетки од пациент

Научници го печатат првото 3Д срце користејќи клетки од пациент

Истражувачи од Универзитетот во Тел Авив успешно успеале да го отпечатат првото 3D срце со помош на клетки и биолошки материјали на пациентот. Научниците кои дошле до оваа медицинска иновација која е објавена вчера во Advanced Science успеале да создадат цело срце, заедно со келии, крвни садови, комори и преткомори што е значително подобрување во споредба со претходните обиди за печатење само на едноставни ткива без крвни садови.

Процесот на формирање на срцето започна со биопсија на масното ткиво земено од пациентите. Материјалот од клеточното ткиво се користел како “мастило” за печатење. Тоа им овозможило на истражувачите да изградат сложени модели на ткива вклучувајќи срцеви ”лепенки” и на крај цело срце. Треба да се напомене дека срцето не е големо, големината е на зајачко срце, но технологијата што го овозможила тоа може на крајот да доведе до производство на орган кој е со големина на човековиот. Во моментов, срцето може само да се собира, но истражувачите планираат да го развиваат 3D печатеното срце и да го научат да работи како вистинско. Откако овој процес ќе заврши, ќе се обидат да го пресадат во животно.

Истражувачите со години работат на 3D печатени ткива со цел да создадат функционални органи за трансплантација. Научниците кои учествуваа во проектот на Универзитетот во Тел Авив ја имаат теоријата дека во рок од 10 години печатените органи може да станат достапни во болниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП