27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаследник на Sony Walkman од 8.500 долари

Наследник на Sony Walkman од 8.500 долари

DMP-Z1 музичкиот плеер од 8,500 долари има свој засилувач и доволно меморија за до 20.000 песни…

Sony, кој пред неколку децении започна портабл музичка револуција со Walkman, сега има свеж мобилен пристап за слушање музика. Новиот музички плеер DMP-Z1 претставува продолжување на нивната Signature Series колекција, која исто така припаѓа на Walkman со цена од 8,500 долари, наменета исклучиво за “ултра хај-енд” пазарот. Со тежина од околу два килограми овој уред нема да биде партнер за шетање или трчање, но ќе ви ги понуди сите придобивки од засилувачот за слушалки во пакет кој користи батерии и кој може да се спакува насекаде.

Љубителите на портабл аудио технологијата најчесто мораат да се согласат да носат повеќе уреди или да го жртвуваат квалитетот поради преносливост. DMP-Z1, сепак, ги менува правилата на оваа игра. Уредот во себе содржи засилувач за слушалки како што поседува десктоп компјутерот со карактеристики на интегриран медиа плеер. Едноставно кажано, корисниците на него можат да префрлаат високо квалитетни датотеки и да слушаат со најдобар можен квалитет на звук што едни слушалки може да го понудат.

Уредот во себе може да собере до 256 гигабајти музика што е околу 20.000 песни, додека има и слотови за дополнителна меморија, ако за тоа се укаже потреба. Sony го објави лансирањето на овој плеер заедно со иновативните слушалки, IER-Z1R, кој чинат 2.299 долари. Ако ја оставиме прекрасната естетика настрана, Signature Series слушалките имаат три драјвери, односно компоненти кои ги претвораат електронските сигнали во звучни бранови и уникатна машинска обработка за да обезбедат совршен баланс на звукот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП