28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКога Facebook ''ќе се успие'' на неколку часа

Кога Facebook ”ќе се успие” на неколку часа

Facebook, Instagram и WhatsApp во неделата на 14 април престанаа да работат неколку часа, што во светот на онлајн социјалните платформи е речиси цела вечност. Оваа компликација е втора по ред во изминатиот месец, а трета од почетокот на годината што е мотив да се разговара за интернет апокалипсата и враќање во аналогно доба.

Во соопштението на компанијата им објасни на корисниците од целиот свет дека не беа во можност да имаат пристап до своите профили, и додавајќи дека овој проблем е решен по неколку часа. Кога во март се појавија слични проблеми, Facebook објасни за “промени во конфигурацијата на серверот”, а проблемот траеше повеќе од 24 часа. Експертите забележаа дека дури и системот за пријавување на грешки не бил во функција, што е невообичаено бидејќи барем тој дел од платформата никогаш не треба да престане да работи.

Последниот инцидент не беше сериозен како и претходниот, па заради тоа се пропуштиле објаснувањата за природата на компликациите и покрај тоа што многумина се загрижени дека неодамнешните проблеми во функционирањето на платформата би можело да доведат до нови безбедносни скандали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП