3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола најплатениот тренер во светот

Гвардиола најплатениот тренер во светот

pep1

Идниот тренер на германскиот фудбалски гигант Баерн, Пеп Гвардиола ќе стане највисоко платениот тренер во светот, со годишна плата од 17 милиони евра, објави шпанската агенција „ЕФЕ“.

Гвардиола во следната сезона во Баерн ќе го замени Јуп Хеинкес, а неговата плата ќе биде поголема за два милиони долари од платата на досега најдобро платениот тренер Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Третото место на листата на тренери со најголеми приходи, го завзема италијанецот Карло Анчелоти, кој во францускиот ПСЖ заработува 13,5 милиони евра.

Најдобро платените тренери во светот:

1.Пеп Гвардиола (Баерн) – 17 милиони евра

2.Жозе Мурињо (Реал Мадрид) – 15,3 милиони евра

3.Карло Анчелоти (ПСЖ) – 13,5 милиони евра

4.Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед) – 9,4 милиони евра

5.Арсен Венгер (Арсенал) – 9,3 милиони евра

6.Гус Хидинк (Анжи) – 8,3 милиони евра

7.Фабио Капело (Русија) – 7,8 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП