26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

НЛБ Банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира „NLB Think Green“ кампања.

Во рамките на NLB Think Green кампањата, организирани и планирани се повеќе општествено одговорни активности со цел ангажирање на клиентите и граѓаните да размислуваат зелено и да се вклучат во активности за здрава и зелена животна средина.

Првата акција од NLB Think Green кампањата Банката ја започнува на 15.04.2019 година со поттикнување на своите клиенти да го променат начинот на достава на фактурите и наместо на хартија, да ги добиваат во електронска форма.

За секоја промена на хартиена фактура во електронска фактура, НЛБ Банка ќе донира по 10 денари. Поддршката ќе биде наменета за заштита на националните паркови во државата, со што првите собрани средства од оваа акција ќе бидат наменети за Националниот парк Маврово.

Клиентите ќе можат да го променат начинот на достава на фактурите во најблиската екпозитура на Банката, преку НЛБ Контакт центарот на телефонскиот број 02/15-600, како и преку останатите дигитални канали на Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП