29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПриватно израелско летало се сруши на Месечината

Приватно израелско летало се сруши на Месечината

Во февруари, за прв пат се слушна за израелскиот вселенски проект SpaceIL  кој го поддржа и американскиот милијардер Шелдон Аделсон. Леталото на 11 април пристигна на планираната дестинација, обидувајќи се да слета на Месечината, со што набрзо изгубило контакт со Земјата и се срушило.

Лансирањето се случило на 21 февруари, а леталото го носела ракета Falcon од компанијата Space X. Било тешко 180 килограми, и било испратено во САД на почетокот на февруари, каде е и лансирано од полигонот во Флорида. Се верува дека не се работи само за богаташки хир, и поради тоа леталото било опремено со сензори за мерење на магнетното поле на Месечината, а тука се нашла и копија од Библијата која очигледно не успеала да помогне.

Анализите по катастрофата се уште не се завршени, но укажуваат на тоа дека дошло до проблем со главниот мотор на околу 10 km над површината на Месечината и вселенското летало на површината се урнало со брзина од 130 метри во секунда. Експертите велат дека проблемот со слетувањето е разбирлив, бидејќи спуштањето на Месечината, Марс или било кој друг објект во сончевиот систем е екстремно тешко. Така што, 100 милиони долари, колку што е инвестирано во леталото, останале на Месечината, а мисијата се одвивала беспрекорно се до неколкуте минути пред да се спушти. Ако мисијата била успешно завршена, Израел би била четврта нација која слетала на Месечината по САД, Русија и Кина, што до некаде и се случило, зависи од кој агол се гледа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП