4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMessenger се враќа во главната Facebook апликација

Messenger се враќа во главната Facebook апликација

Пред најавената интеграција на сите Facebook  услуги кои корисниците меѓу другото ги користат и за комуникација, Messenger може да се врати во главната Facebook апликација. Ова значи дека во иднина, корисниците можат да инсталираат само една апликација и на тој начин да добијат пристап до друштвената платформа и сервисот за разменување на пораки.

Новата функција се уште се тестира, а според експертите, ќе се искористи Messenger тестерот, кој се уште се наоѓа во рамките на главната апликација, која во моментов води на одвоена апликација. Наскоро со притискање на истото копче ќе може да се влезе директно во пораките, со што би се елиминирала потребата за посебна апликација.

Messenger се појави како посебна апликација уште во 2011 година, а Facebook во 2014 година ја отстрани функционалноста на Messenger од главната апликација. Половина деценија подоцна, компанијата се подготвува да ги интегрира сите постоечки услуги за разменување на пораки – Messenger, Instagram и WhatsApp, така што сите функции ќе се најдат во рамките на главната апликација, така што Messenger се враќа од таму каде што започна.

Facebook планира секоја услуга и апликација да продолжи да постои и после интеграцијата, па тоа би можело да важи и за Messenger апликацијата, бидејќи експертите шпекулираат дека би можеле да остане поради тоа што некои од корисниците не одат често на главната апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП