1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООкото не изгледа добро, Меси го пропушта реваншот?

Окото не изгледа добро, Меси го пропушта реваншот?

Барселона го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0, со што направи џиновски чекор кон пласманот во полу-финалето во Лигата на шампиони. Мечот беше решен со авто-голот на Лук Шо, а еден од деталите што ќе се памети е и стартот на Крис Смолинг врз Лионел Меси.

Играчот на Манчестер Јунајтед, неколку пати пред дуелот изјави дека знае како може да го сопре Меси, а начинот го демонстрираше по половина час игра.

Во дуел, со лактот, Смолинг успеа да му „пушти“ крв на Аргентинецот. Токму оваа повреда ги загрижи сите во Барселона.

„Силниот удар резултираше со хематом“, го информирале клупските доктори тренерот Ернесто Валверде.

Шпанските медиуми „АС“ и радио „КОПЕ“, објавија дека на Аргентинецот не му бил скршен носот, туку дека му се инфицирала раната на окото.

Сигурно е дека Меси нема да игра в сабота, а во наредните денови ќе биде познато дали ќе може да настапи во вторник, кога ќе се одигра реваншот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП