30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставена првата фотографија од црната дупка

Претставена првата фотографија од црната дупка

Иако црните дупки често се предмет на дискусија, малку е изненадувачки што досега никој не ги сликал. Сепак, тука секогаш постојат проблеми со апсорпцијата на самата светлина од страна на црните дупки. Сега конечно е претставена првата фотографија на црната дупка, што претставува голем успех на научниците.

Црните дупки може да бидат многу незгодни, прашајте го само екипажот на Enterprise. Навистина, поп културата отсекогаш била фасцинирана од овој космички феномен, замислувајќи дека тоа е врата за патување низ просторот и времето. Научниците, од друга страна имале секогаш нови прашања и секогаш нови теми за да ја решат мистеријата на црната дупка. Сега е направен значаен чекор напред со првата слика на црната дупка.

Фотографијата ја забележале истражувачите кои работат во рамките на Event Horizon Telescope проектот. Тие фотографирале објект што е 6,5 милиони пати поголем од Сонцето, а исто така е и поголем од нашиот Сончев систем. Се проценува дека дијаметарот на црната дупка изнесува 40 милијарди километри.

На фотографијата можете да ја видите светлината која кружи околу темниот круг. Тоа е практично ефект на гравитацијата што привлекува сè кон себе, па дури и светлината.

Шефот на Event Horizon проектот , Шеперд С. Доелеман, го потврди фантастичниот успех на својот тим:

“Ја забележавме првата фотографија од црната дупка. Ова е извонредно научно достигнување кое е постигнато благодарение на работата на тимот од над 200 научници”.

Како била забележана првата фотографија на црната дупка?

За фотографирање на црната дупка која била одалечена од Земјата 55 милиони светлосни години, бил потребен исклучително моќен телескоп. Овој објект се наоѓа во галаксијата M87, а со својата големина доминира во околината. Фотографирањето е овозможено благодарение на Event Horizon телескоп кој е составен од осум помали телескопи кои се наоѓаат во орбитата на Земјата. Овој телескопски систем ја користи ротацијата на планетата за да снима што поквалитетни фотографии.

Се надеваме дека првата слика од црната дупка е само првиот чекор кон подобро разбирање на оваа вселенска појава, со надеж дека нејзините карактеристики сепак нема да бидат користени како во филмот Event Horizon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП