24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle наскоро ќе доставува храна и лекови со помош на дронови

Google наскоро ќе доставува храна и лекови со помош на дронови

Дроновите многу брзо од играчки станаа неизбежна алатка кога е во прашање снимање и фотографирање.

Сега доаѓа нова фаза во нивната употреба: дроновите ќе се користат за комерцијални цели, за испорака на храна, лекови и нарачки.

Google доби одобрение од австралиската агенција за цивилно воздухопловство да започне со комерцијален проект за испорака на дронови во преградието на градот Канбера. Google Wing, како што се нарекува проектот, веќе е тестиран во САД во 2016 година, но ова е прв пат негде во светот дроновите да добијат официјални дозволи за “транспорт”.

Дроновите ќе испорачуваат храна, лекови и нарачки за 100 домаќинства во Канбера, и во почетокот ќе мораат да летаат само преку ден и подалеку од автопат.

Несомнено е дека во блиска иднина вакви проекти ќе бидат можни во целиот свет, со оглед на цените на дроновите кои се се повеќе достапни, и да добиваат функции за независно летање и вештачка интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП